WHAT'S NEW?
Loading...


Расата е создадена кон крајот на 19 век со вкрстување на поголем хановерски крвоследник со помал тиролски гониќ но и гени од барак . Расата е создадена како потреба за лесно и помалку грамадно куче кое ќе биде во можност да  следи изладена или топла трага на дивеч во планинските предели. Расата е доволно голема за да следи трага при длабок снег на повисоки надморски височини, а сепак и доволно храбра за да го задржи на место ранетиот крупен дивеч. Долгата традиција на грижливо одгледување резултирала со прекрасен ловечки сопатник.

Друг назив: Bayrischer Gebirgsschweisshund

Потекло: Германија

Тип: баракоиден

Категорија FCI: VI - гоничи и крвни трагачи

Животен век: 12 до 14 години

Темперамент: мирен, избалансиран, цврст, самоуверен, енергичен, приврзан, храбар, не е за аматери

Висина: мажјак 47 - 52 см, женка 44 - 48 см

Тежина: 20-25 кг

Боја: различни нијанси на кафеава боја - речиси црна, чоколадна, црвеникава, златна ...

Градба на телото: оваа раса е со средна големина, балансирана во изгледот, релативно лесна. Колковите се малку повисоки од гребенот, а должината на телото е поголема од висината. Главата е широка, муцката е широка и малку пократка, ушите се долги и се поставени високо, широки на основата и заоблени на врвовите. Носот е црн или темно црвен со широки ноздри. Вратот е со средна должина и доста силен. Нозете се долги и многу силни. Опашката е рамна и ја носи хоризонтално или малку закривена надоле. Крзното е грубо, кратко, густо и сјајно.